Vrabotuvanje.com - Дали сте слушнале за ѕвезденото море? Навечер свети и сите ги остава без здив
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали сте слушнале за ѕвезденото море? Навечер свети и сите ги остава без здив

Иако Малдивите сами по себе се рај на Земјата, вистинската магија се случува кога Сонцето заоѓа. Милиони ситни организми чекаат небото над Малдивите да стане темно, за да ги осветлат прекрасните плажи на островот Ваду.

Дали сте слушнале за ѕвезденото море? Навечер свети и сите ги остава без здив

Феноменот е познат под името ѕвездено море и е предизвикан од биолуминисценција која се јавува кога одредени микроорганизми доаѓаат во допир со кислород. Овие микроорганизми или морски микроби се нарекуваат фитопланктони и се јавуваат во многу различни видови.

Најпознатите фитопланктони кои создаваат морска биолуминисценција се нарекуваат динофлагелати. Како што динофлагелатите пловат, водата која ги окружува праќа електронски имплуси околу комората исполнета со протони кои се наоѓаат во фитопланктонот. Тогаш електричните импулси отвораат јонски канали во протонот кои се чувствителни на напон и се менува Пх вредноста во цитоплазмата што доведува до хемиска реакција која активира протеин наречен луцифераза. До неон сина светлина доаѓа кога кислородот доаѓа во допир со комбинацијата од луцифераза и луциферин.

Иако динофлагелатите ја испуштаат оваа прекрасна светлина, тоа не значи дека се безопасни. Некои видови произведуваат токсини кои се опасни за луѓето, рибите и другите суштества и се верува дека сината светлина е некој вид на одбрана од предаторите. Сепак, тие не се единствени кои произведуваат биолуминисценција. Некои морски животни имаат свои начини и причини за производство на светлина.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more