Vrabotuvanje.com - Kлимите со Н+ дизајн се одговор на скапата струја и екстремнo високите температури
Share
Tweet
Share
Send to friend

Kлимите со Н+ дизајн се одговор на скапата струја и екстремнo високите температури

Температурите низ Македонија го достигнаа 30-тиот степен уште пред официјалното доаѓање на летото, па време беше за нов клима-уред кој ќе ни ги задоволи критериумите со оглед на тоа што нема да го исклучиме до крајот на септември, очигледно.

Kлимите со Н+ дизајн се одговор на скапата струја и екстремнo високите температури

Порастот на цената на електричната енергија во комбинација со потребата да се одржи прифатлива собна температура за живеење, доведе до растечки тренд на инвестирање на граѓаните во клима-уреди за своите домови, пред се од поновите H+ дизајн модели, кои се покажуваат како поекономични, а воедно и поздрави.

Кога ќе погледнете од страна на клима-уредите, ќе ја забележите ознаката А+++. Тоa е показател дека тој уред е со највисока енергетска ефикасност при ладењето. Згора на тоа, кај овие H+ клима-уреди воздухот се насочува кон таванот и со тоа побрзо се разладува просторијата.

Највисоката енергетска потрошувачка секако е во текот на зимските периоди. Сметките за греење се превисоки, така што и тука е забележан зголемен тренд на инвестирање во H+ дизајн клима уреди. При направените тестови, таквите клима-уреди како од брендот Vivax се покажало дека греат во услови на надворешна температура од -25 степени и тоа со енергетска ефикасност од А++. При греењето воздухот кај ваквите клима-уреди оди директно на подот и веднаш се чувствува ефектот.

Најголемата дилема кај луѓето при купувањето на клима-уреди е дали ќе им направи проблем со алергии и дали ќе им изгледа грубо во станот. „HEPA“-филтерите што се инасталираат на H+ дизајн-климите, како и дополнителниот предфилтер овозможуваат сопирање на PM – честички со големина до 0.3. Додека дизајнирањето на изгледот на самите клима-уреди веќе не се запоставува како порано и сега тие делуваат и како украс на просторијата.

извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more