Vrabotuvanje.com - Сè повеќе граѓани не можат да ги платат заемите за автомобили
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сè повеќе граѓани не можат да ги платат заемите за автомобили

Последната голема економска криза, во 2007 година, во голема мера беше иницирана од колапсот на пазарот на недвижности во Америка, кога десетици илјади луѓе не можеа да ги вратат кредитите за станови и куќи.

Сè повеќе граѓани не можат да ги платат заемите за автомобили

Сега во Америка се случува феномен кој исто така предизвикува загриженост, особено кога светот е во состојба на тензија поради војната во Украина и енергетската индустрија. Бројот на луѓе кои не плаќаат заеми за автомобили рапидно расте.

Тоа е големо предупредување, известува Barron’s, кој разговарал со продавачот на автомобили Лаки Лопез. Тој вели дека поранешните сопственици на најголем дел од запленетите возила имале кредити од 2020 и 2021 година. Тогаш, поради пандемијата на коронавирус, клиентите имаа посебни стимулации за плати и купување на одредена стока, но сега такво нешто нема и приходите се намалени.
Со стопирањето на тие програми и растот на инфлацијата, се повеќе сопственици имаат кредитни проблеми.

Лопез рече дека неодамна откупил Bentley, McLaren и два Aston Martin кои биле купени со пари од PPP (Бизнис заем) како аванс. Сега сопствениците мораа да ги вратат.

– Економијата е силна? Секој кој всушност се занимава со бизнис може да види дека тоа не е така – изјави Лопез.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more