Vrabotuvanje.com - Иновативно решение на една пивница: „Литар пиво за литар масло“
Share
Tweet
Share
Send to friend

Иновативно решение на една пивница: „Литар пиво за литар масло“

Една минхенска пивница пронашла нов начин како да го надмине недостигот на масло за јадење во Европа. Нивните гости плаќаат пиво со сончогледово масло.

Иновативно решение на една пивница: „Литар пиво за литар масло“

Менаџерите на пивницата „Giesinger“ во јужниот дел на Минхен мислат дека имаат одговор нудејќи им на љубителите на пиво за литар од својот омилен пијалак да платат со литар масло.

„Останавме без масло во кујната и моравме да бидеме иновативни“, рекол менаџерот Ерик Хофман за „Reuters“. Досега собрале 400 литри масло.

Литар пиво чини седум евра во германските пабови, додека литар масло во продавниците чини 4,5 евра, поради што понудата на оваа пивница е примамлива.

 
извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more