Vrabotuvanje.com - Кина го изгради најдолгиот мост со еден потпорен столб во светот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кина го изгради најдолгиот мост со еден потпорен столб во светот

Во понеделникот мост изграден во југозападна Кина ги помина сите тестови и со тоа стана рекордер – тоа е најдолгиот мост во светот со еден потпорен столб. Тестирањето започнало на 11 јули и траело 8 дена. Во текот на тестовите камиони кои носеле до 1.280 тони товар се возеле напред-назад по мостот Лужиџианг во провинцијата Јунан.

Кина го изгради најдолгиот мост со еден потпорен столб во светот

Ова е многу битно достигнување од аспект на инфраструктурата. Мостот долг 800 метри е изграден за да се подобри конектираноста меѓу Кина и Југоисточна Кина. Со него драстично ќе се скрати патувањето меѓу градовите Јуџи и Чуџионг од 1 час на само 2 минути.

Record-breaking Chinese bridge clears hurdle to faster transport in border  province | South China Morning Post

Мостот Лужиџиаг е импресивен и затоа што се протега помеѓу стрмни карпи. Возачите кои поминуваат по него максимално може да се движат 160 км/ч. Челичните кабли од кои е направен се прицврстени во тунел долг дури 100 метри.

Мостот е дел од новиот еспресен пат долг 200 км низ провинцијата Јунан. Изградбата започнала во 2019 година и работниците работеле и во текот на пандемијата за да го завршат проектот во предвидениот рок од три години.

Извор: inovativnost.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more