Vrabotuvanje.com - Ледено кафуле во центарот на Прага нуди бегство од жештината на -7 степени Целзиусови
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ледено кафуле во центарот на Прага нуди бегство од жештината на -7 степени Целзиусови

Леденото кафуле „Ајс паб“ во центарот на чешкиот главен град Прага нуди „арктички услови“ за кусо бегство од горештините што ја зафатија Европа.

Ледено кафуле во центарот на Прага нуди бегство од жештината на -7 степени Целзиусови

Пабот, што се наоѓа на само една минута пешачење од познатиот Карлов мост, служи коктели во чаши направени од мраз… Исто така и мебелот, како и украсите се направени од мраз.

Температурата внатре е околу -7 Целзиусови степени, па на посетителите им се нудат и капути и ракавици, а посетите се ограничени на помалку од половина час.

На времето во пабот се служело и пиво, но тоа престанало затоа што славината за точење, постојано мрзнела.

Извор: republika.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more