Vrabotuvanje.com - Светлана заработува и до 20.000 евра по килограм од зеленчук кој треба само да го наводнувате
Share
Tweet
Share
Send to friend

Светлана заработува и до 20.000 евра по килограм од зеленчук кој треба само да го наводнувате

Светлана заработува и до 20.000 евра по килограм од зеленчук кој треба само да го наводнувате

Во Никинци кај Рума, семејството Ранитовиќ ја одгледува, покрај најлутата и најмалата, најскапата пиперка што постои во светот.

„Мајка на чилито“ – како што ја нарекуваат, потекнува од Јужна Америка, никнува и расте бавно, а полн плод добива само на високи температури.

Плодот со големина од 6 милиметри има максимална тежина од половина грам. Високите температури придонесуваат за одгледување на некои култури, особено лутите пиперки, велат земјоделците..

„Најмалата пиперка на светот се вика „ај чарапита“, воедно и најскапа. На светскиот пазар цената за килограм оди и до 20.000 евра, лесно се одгледува.

"Немам никаков проблем да ја работам оваа работа, само што е потребно многу време и труд за да се набере“, вели Светлана Глигориќ Ранитовиќ.

Светлана на почетокот купувала семе во странство, а најголемата инвестиција и била стаклената градина. Овие растенија се отпорни, не се прскаат со хемикалии, само им треба многу топлина и вода.

„Четири-пет години одгледувам лути пиперки, решив да го сторам тоа затоа што нешто треба да се работи. Во Србија ги нема многу, одгледувањето е лесно, само треба да се има желба за работа", вели Светлана.

"Таа игра на бои, форми, пикантност секогаш ја имате, со нив можете многу да направите и да заработите пари. Имам преку 80 различни видови, тоа се растенија од топли предели, од Бразил, од Мексико, но и тука успеваат“, вели Светлана.

Во Срем расте и „Каролина рипер“, најлутата пиперка во светот која има околу два милиони мешунки, 100 пати повеќе од локалните феферони.

Овие плодови се здрави, но само кога се користат во мали количини. Се берат до октомври, а зимата најчесто ја дочекуваат во тегли.

извор: agrotim.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more