Vrabotuvanje.com - Намален бројот на работници во индустријата
Share
Tweet
Share
Send to friend

Намален бројот на работници во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021, е помал за 1.5 прценти. Во периодот јануари – јуни годинава, пак, во споредба со првото полугодие лани намалуањето 1.9 отсто.

Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање од 2.8 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 1.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.2 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.8 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 %, Капитални производи за 2.5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.5 %.

извор: 24info.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more