Vrabotuvanje.com - ГОЛЕМ КОНКУРС од ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ - 49 СЛОБОДНИ ПОЗИЦИИ
Share
Tweet
Share
Send to friend

ГОЛЕМ КОНКУРС од ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ - 49 СЛОБОДНИ ПОЗИЦИИ

ГОЛЕМ КОНКУРС од ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ - 49 СЛОБОДНИ ПОЗИЦИИ

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал и има околу илјада вработени, од кои голем дел се акционери. Таа располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени члични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита, со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

Поради зголемен обем на работа, ФЗЦ 11 Октомври има потреба од кандидати за работа на следните позиции:

Дипломиран машински инженер

Машински и електро техничари

Крановодители

Дипломиран електроинженер/електроничар

Возачи на виљушкари

Брусачи заварувачи

Инженер за безбедност и здравје при работа

Процесен транспортен работник

Комерцијалист

Правник

Администратор

Специјалист за човечки ресурси

Технолог

Пожарникар

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more