Vrabotuvanje.com - Оглас за издавање стан во Нови Сад ги насмеа корисниците на социјалните мрежи: „Милето е гратис“
Share
Tweet
Share
Send to friend

Оглас за издавање стан во Нови Сад ги насмеа корисниците на социјалните мрежи: „Милето е гратис“

Еден оглас за издавање стан во Нови Сад стана хит на социјалните мрежи поради вртоглавата цена.

Оглас за издавање стан во Нови Сад ги насмеа корисниците на социјалните мрежи: „Милето е гратис“

На социјалните мрежи во групата „Издавање станова Нови Сад“ се појавил оглас во кој стоело: „Издавам стан дуплекс, 89 квадратни метри. Издавањето е 790 евра (депозит за 2 месеци) – можност за договор“.

Станот поседува кујна, купатило, дневна соба и трпезарија како и тераса и поткровје со 3 соби. Меѓутоа, на фотографиите се гледа дека истиот е во лоша состојба и дека цената е очигледно превисока.

„Има кревети на спрат, теретана во склоп на станот, значи реална цена“, „Доколку претераш со појадокот, теретаната ти е на половина метар од масата. Таман“, „Милеето е гратис“,  гласат некои од шегите на социјалните мрежи.

Сопственикот додал дека станот може да се издава опремен, но и без мебел. Моментално е во фаза на реновирање, а станарите можат да се вселат кон крајот на овој месец.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more