Vrabotuvanje.com - Истражување: БОГАТИТЕ ПРИЈАТЕЛИ се клучот за успехот во животот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Истражување: БОГАТИТЕ ПРИЈАТЕЛИ се клучот за успехот во животот

Богатите пријатели се клучот за успехот. Барем тоа го потврдија резултатите објавени во списанието Nature.

Истражување: БОГАТИТЕ ПРИЈАТЕЛИ се клучот за успехот во животот

Една нова студија, спроведена на повеќе од 21 милијарда пријателства на Facebook, потврди нешто што веќе го знаевме: добро е да имаш богати пријатели.

Првата статија се фокусира на економската поврзаност, термин кој го опишува нивото на блиско пријателство помеѓу корисниците со повисоки и пониски нивоа на приходи. Истражувањата покажаа дека децата со пониски примања имаат подобри изгледи за економски успех кога ќе пораснат доколку се тесно поврзани со поединци со повисоки примања.

Втората статија повеќе се занимава со примери за тоа како функционираат овие односи во реалниот свет.

Поважно од семејството е образованието...

Во просек, децата со пониски примања би забележале зголемување на приходите од 8,2 отсто доколку приходите на нивните побогати пријатели се зголемат за 25 до 50 отсто.

Пријателството со богати пријатели се покажа како значаен фактор за структурата на семејството, квалитетот на образованието и достапноста на работни места. Доколку имате пријатели кои се побогати од вас, шансите подоцна во животот да добиете подобар економски статус се поголеми.

Анонимната анкета била спроведена на 72,2 милиони корисници на Facebook, приближно 84 отсто од сите возрасни луѓе во САД на возраст меѓу 25 и 44 години. Беа вклучени активни корисници на таа социјална мрежа со најмалку сто контакти. Приходите се проценети врз основа на поштенски шифри, училишта во кои посетувале и други податоци, кои се дополнети со податоци од американските даночни службеници.

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more