Vrabotuvanje.com - Ердоган сподели видео од тест возење со електричен автомобил
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ердоган сподели видео од тест возење со електричен автомобил

Ердоган сподели видео од тест возење со електричен автомобил

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на социјалните мрежи сподели видео од тест возењето на локалниот електричен автомобил Togg.

Тој, на 6 август го посети полигонот во провинцијата Коџаели, каде седна зад воланот на прототипот на турскиот електричен автомобил.

 
Подготовките за масовно производство на Togg се очекува да завршат до 29 октомври оваа година.

Сериското производство ќе започне од крајот на оваа година, а првите сериски електрични автомобили од сегментот SUV (C) ќе се појават на пазарот веќе во првиот квартал на 2023 година. Потоа следува производството на седан (C) и хечбек електрични автомобили (C).

До 2030 година се планира производството на турски електрични автомобили да достигне 1 милион единици годишно.

Извор: lokalno.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more