Vrabotuvanje.com - Црна Гора бара ЛЕЖАЧ кој ќе го собори рекордот од 117 часа лежење
Share
Tweet
Share
Send to friend

Црна Гора бара ЛЕЖАЧ кој ќе го собори рекордот од 117 часа лежење

Дозволено е јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон – само станувањето не е дозволено. Одењето во тоалет е дозволено на секои 8 часа

Црна Гора бара ЛЕЖАЧ кој ќе го собори рекордот од 117 часа лежење

Жарко Пејановиќ од Подгорица и Вук Кољеншиќ од Даниловград водат меѓусебна битка во бизарниот натпревар во излежување во Црна Гора, во обид да го соборат ланскиот рекорд на Дубравка Алексиќ од Подгорица, која не станувала цели 117 часа - пренесува plusinfo.mk.

Натпреварот во лежење, единствен таков во Европа, по 11-ти пат се организира во етно-селото Монтенегро во Брезна, во Пива. На „стартот“ на битката за освојување на паричната награда од 350 евра, се собраа девет натпреварувачи, но седуммина брзо се откажаа, јави подгоричкиот портал Вијести.

Правилата не се променети во однос на минатата година. Дозволено е јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон – само станувањето не е дозволено. Одењето во тоалет е дозволено на секои 8 часа.

извор: plusinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more