Vrabotuvanje.com - АНКЕТА: Со кои пари македонците одат на одмор?
Share
Tweet
Share
Send to friend

АНКЕТА: Со кои пари македонците одат на одмор?

АНКЕТА: Со кои пари македонците одат на одмор?

Сезоната на годишни одмори е при крај. Со оглед на најавите за долгата зима која не очекува, голем дел од граѓаните годинава ќе си го ускратат тоа задоволство. Но, има и такви кои бараат алтернативни извори за финансирање на летувањата, или рационално штедат преку целата година за да можат да си овозможат заслужен одмор.

Во екот на сезоната направивме анкета во која ги прашавме посетителите на нашиот сајт Како ќе го финансираат летниот одмор годинава?

8% се изјасниле дека годишниот одмор ќе го финансираат од регресот (К15) кој го добиле од компанијата во која работат.

19% годишниот одмор ќе го финансираат со кредит.

29% од испитаниците летување ќе си овозможат благодарение на заштеда стекната преку целата година.

Најголем дел, 31% трошоците за одмор ќе ги покријат со последната плата.

13% од испитаниците не се одлучиле за ниту една од понудените опции, а најголем дел од нив коментираат дека немаат доволно средства за да си дозволат годишен одмор. „Со ништо. Кредит, сметки, дрва, храна и толку од платата. Одморот стана луксуз.“ - стои во еден од коментарите.

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more