Vrabotuvanje.com - 8.000 слободни работни места - најмногу фалат техничари, ракувачи со машини, продавачи...
Share
Tweet
Share
Send to friend

8.000 слободни работни места - најмногу фалат техничари, ракувачи со машини, продавачи...

8.000 слободни работни места - најмногу фалат техничари, ракувачи со машини, продавачи...

Речиси 8.000 слободни работни места, поточно 7.873 регистрирал Државниот завод за статистика во второто тримесечје годинава, од коишто најмногу, или 2.943 има во услужните дејности и продажба, што е 37,4% од вкупниот број слободни работни места. Следни позиции што фалат најмногу се техничари и сродни занимања, 1.236, како и ракувачи  и составувачи на машини и постројки, 1.143. Во Македонија фалат и 733 службеници, но и 634 стручњаци и научници.

Гледано по сектори на дејности, најмногу слободни работни места, 2.114 има во преработувачката индустрија, 1.477 позиции има во трговијата на големо и мало, 671 работник фалат во транспорт и складирање, и 635 луѓе фалат за административни и помошни услужни дејности. Во хотелиерство и сервисни дејности со храна фалат 565 луѓе и 530 луѓе во градежништво.

Во дејноста информации и комуникации има 511 слободни позиции, а во здравството и социјалната заштита 254 работни места.  Најмалку слободни работни места има во дејноста образование, 97, потоа во јавна управа и одбрана, 86, 65 луѓе фалат во секторот снабдување со вода и управување со отпад, 17 во секторот снабдување со електрична енергија, итн.

извор: kapital.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more