Vrabotuvanje.com - Купуваат електричен автомобил, добиваат субвенција, а потоа го препродаваат во странство
Share
Tweet
Share
Send to friend

Купуваат електричен автомобил, добиваат субвенција, а потоа го препродаваат во странство

Како и во многу други земји, набавката на електрични автомобили во Германија е субвенционирана од државата. За ново електрично возило на клиентите им даваат до 9.000 евра.

Купуваат електричен автомобил, добиваат субвенција, а потоа го препродаваат во странство

Но, системот за субвенционирање очигледно е дизајниран како сито бидејќи протекува во сите правци. Oдреден број германски купувачи на електрични автомобили прво ги користат субвенциите, а потоа ги продаваат своите автомобили во странство со профит.

Од друга страна, според Федералната управа за моторни возила, сето тоа е само шпекулација. Разликата може да биде толку голема поради несреќи или отпис на возила.

Германските насоки за финансирање (субвенции) предвидуваат дека купувачот мора да го поседува електричниот автомобил најмалку шест месеци. После тоа, некои вешти трговци веднаш ги продаваат. Овие „легални“ трикови ги чинат германските даночни обврзници стотици милиони евра.

Сега се расправа за идејата дека електричните автомобили не треба да се продаваат во првата година од сопственоста. Така, загубата на вредноста би била поголема, а профитот на продаденото возило би бил низок, со што ќе се дестимулира овој вид препродажба на автомобили.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more