Vrabotuvanje.com - Сребро и две бронзи за најмладите информатичари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сребро и две бронзи за најмладите информатичари

Еден сребрен медал, два бронзени медалa и една олимписка пофалба за македонските ученици на 15. Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика, која се одржува во Дорохои, Романија, информира Здружението на информатичари на Македонија.

Сребро и две бронзи за најмладите информатичари

Младиот Благој Рујаноски од Прилеп освои сребро, а со бронза се стекнаа учениците Никола Стојковски од Скопје и Дамјан Давков од Штип. Најмалдиот учесник од Македонија, ученикот Владимир Грчев од Кочани доби олимписка пофалба.

Македонскиот тим годинава го предводеа Владислав Бидиков и д-р Миле Јованов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство како и членови на Здружението на информатичарите на Македонија што е и организатор на учеството на Македонија на олимпијадата.

Македонија досега има учествувано на сите 15 изданија, а вкупно има освоено 5 сребрени и 24 бронзени медали

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more