Vrabotuvanje.com - М-НАВ АД Скопје со повик до младите!
Share
Tweet
Share
Send to friend

М-НАВ АД Скопје со повик до младите!

М-НАВ АД Скопје со повик до младите!

Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје ќе школува 7 кандидати за стекнување на дозвола за контролор на летање, 5 за Скопје и 2 за Охрид. 

ОПШТИ И ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИ ЗА ШКОЛУВАЊЕ 

1. да е полнолетен/а
2. да не е постар/а од 25 години
3. да има завршено најмалку IV степен на стручна подготовка 
4. да има познавање на англиски јазик кое одговара најмалку на ниво Б2 (certificate B2)

ДОКУМЕНТИ КОИ КАНДИДАТОТ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВИ 

1. Пријава. Кандидатите треба во пријавата да наведат дали се пријавуваат за Охрид или за Скопје.
2. Извод од матична книга на родени 
3. Уверение за државјанство 
4. Доказ за завршено образование најмалку IV степен на стручна подготовка 
5. Потврда од казнена евиденција издадена од надлежен суд - не постара од 3 (три) месеци
6. Уверение од кривична евиденција издадено од надлежен суд - не постаро од 3 (три) месеци
7. Документ/доказ за познавање на англиски јазик кое одговара најмалку на ниво Б2 издаден од овластена институција за изучување на странски јазик. 

Горенаведената документација треба да се достави во оригинал или копија заверена на нотар најдоцна до 12.09.2018. 

КЛИКНЕТЕ НА ОВОЈ ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more