Vrabotuvanje.com - Трговски ланец воведе виртуелни кабини: Се надеваат дека ќе ја зголемат продажбата
Share
Tweet
Share
Send to friend

Трговски ланец воведе виртуелни кабини: Се надеваат дека ќе ја зголемат продажбата

Американскиот ланец на продавници „Волмарт“ најде начин да ги задоволи клиентите кои се помалку трошат поради кризата која ги погодува нивните паричници.

Трговски ланец воведе виртуелни кабини: Се надеваат дека ќе ја зголемат продажбата

Имено, тие со помош на нова алатка на нивниот сајт ќе се обидат да ги „натераат“ посетителите да кликнат на копчето „купи“.

Тие уште во март воведоа функција која им помага на заинтересираните посетители при купувањето, покажувајќи им кој крој најмногу одговара на нивната фигура, која боја најмногу одговара со тонот на нивната кожа и слично.

На почетокот на неделата, тие ја ажурираа својата апликација, овозможувајќи виртуелно ппробување на облеката.

Најновата функција „Биди свој модел“, користи алгоритми и технологија за машинско учење првично користена за развој на попрецизни топографски карти. Купувачите можат да ја користат за виртуелно да пробаат повеќе од 270.000 предмети од приватните брендови на Walmart, вклучувајќи ги Champion, Levi’s и Hanes.

Извршниот потпретседател на компанијата, Дениз Инкандела, рече дека сака да поттикне повеќе клиенти да гиисполнат своите плакари во нивните продавници.

„Еден начин да се направи ова е преку виртуелно пробување, што го прави купувањето облека позабавно и поедноставно“, рече таа.

Имено, како што инфлацијата ги покачува цените на храната, киријата и друго, клиентите трошат се помалку на бавни артикли, што директно влијае на профитот на Волмарт.

Други трговци на мало, исто така, експериментираа со виртуелно пробување, вклучувајќи го и Amazon, кој им овозможува на своите клиенти да пробаат обувки.

Извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more