Vrabotuvanje.com - Просечната нето плата по вработен за месец јули изнесува 31.812 денари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Просечната нето плата по вработен за месец јули изнесува 31.812 денари

Просечната нето плата по вработен за месец јули изнесува 31.812 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, изнесува 111.5

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17.8 %), Стручни, научни и технички дејности (17.5 %) и Уметност, забава и рекреација (16.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.3 %), Рударство и вадење на камен (3.9 %) и Објекти за сместување и  сервисни дејности со храна (3.9 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2022 година, изнесува 31 812 денари.

извор: mk.tv21.tv

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more