Vrabotuvanje.com - Нова опасна игра Momo се шири на социјалните мрежи
Share
Tweet
Share
Send to friend

Нова опасна игра Momo се шири на социјалните мрежи

Нова опасна игра Momo се шири на социјалните мрежи

По „Синиот кит”, опасна игра поради која неколку стотици деца во светот извршија самоубиство, се појави уште една контроверзна онлајн игра Momo, која се распространува преку апликацијата WhatsApp.

Играта е наменета за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство, укажуваат стручни лица.

Имено, приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи, за која се смета дека е инспирирана од хорор куклата на јапанскиот уметник Мидори Хајаши, кој формално нема никаква врска со играта.

Децата откако ќе контактираат со Момо, добиваат серија предизвици, а доколку тие одбијат, следи казна и добиваат заканувачки и вознемирувачки телефонски пораки и фотографии.

Бизарната онлајн игра е пријавена во Аргентина, во Мексико, во САД, во земјите на Јужна Америка, во Франција и во Германија, а се проширува и во другите европски држави. 

usb.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more