Vrabotuvanje.com - Метар квадратен во центарот на Охрид од 1.800 до 3.000 евра!?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Метар квадратен во центарот на Охрид од 1.800 до 3.000 евра!?

Цените на становите во Охрид рушат рекорди. Зголемената побарувачка на пазарот на недвижности ги крена цените иако понудата е намалена па така метар квадратен во центарот на градот достигнува до 1800 евра додека на самиот брег покрај охридското езеро и до 3 илјади евра, а растат цените и на деловните простории во чаршијата.

Метар квадратен во центарот на Охрид од 1.800 до 3.000 евра!?

Добрите познавачи посочуваат дека огромни цени се вртат на пазарот, наместо парите да се чуваат во банки се инвестира во недвижнини.

Наспроти огромната заинтересираност за станови во Охрид, нема интерeс за купување куќи ниту плацеви за изградби за кои цената достигнува висина од 700 до 1000 евра за метар квадратен, годишно едвај се продавале по пет - шест куќи.

извор: sitel.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more