Vrabotuvanje.com - Како Македонија да ги потроши милионите од продажбата на станот на Тито?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Како Македонија да ги потроши милионите од продажбата на станот на Тито?

Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) го поздравува успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на процесот на сукцесија на некогашна СФРЈ.

Како Македонија да ги потроши милионите од продажбата на станот на Тито?

„Апелираме до раководството на МНР и до Владата добиените средства во висина од околу 4 милиони американски долари веднаш да се реинвестираат во купување на недвижнини односно дипломатски станови во Њујорк. Имајќи предвид дека законските прописи предвидуваат уплата на овие средства во државниот буџет, сметаме дека постои реална опасност овие средства да се разводнат и потрошат ненаменски“, се наведува во соопштението од Македонскиот дипломатски синдикат.

Според МДС, со вакво реинвестирање на средствата, значително ќе се збогати станбениот фонд на Македонија во странство, со што барем делумно ќе се намалат огромните трошоци кои се исплаќаат за кирии на нашите дипломати во странство. Посочуваат дека такви се и искуствата во земјите од поранешна Југославија.

Апартманот на некогашната мисија на СФРЈ во Њујорк се продаде за 50 милиони долари.

извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more