Vrabotuvanje.com - Отстранете ги кровните кутии и носачи по употребата бидејќи значително ја зголемуваат потрошувачката на гориво!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Отстранете ги кровните кутии и носачи по употребата бидејќи значително ја зголемуваат потрошувачката на гориво!

Празна кровна кутија може да ја зголеми потрошувачката на гориво дури до 15%

Отстранете ги кровните кутии и носачи по употребата бидејќи значително ја зголемуваат потрошувачката на гориво!

Кровните кутии и носачи треба да се отстранат ако не се користат. Кровната кутија тежи во просек меѓу 15 и 20 килограми, ја зголемува отпорноста на воздухот, а со тоа и потрошувачката на гориво дури и до два литри.

Еве и малку поконкретно. Знаете и самите дека автомобилите се дизајнирани да бидат аеродинамички најефикасни доколку на нив не додавате ништо. Ако сепак имате потреба да го направите тоа, отстранете се по употреба освен ако сте во групата на луѓе кои немаат проблем да платат голема сметка за гориво, а тие секако не се многу.

Едно истражување открило зголемување на потрошувачката на гориво за 50% со кровните кутии, но тоа сепак е екстремен случај. Вообичаено, возачите трошат помеѓу 10 и 25% повеќе гориво поради нивната кровна багажна кутија. Тоа е затоа што зголемувањето на фронталната површина има негативен ефект врз аеродинамиката. Дури и празна кровна кутија може да додаде до 15% на вашата сметка за гориво. Дополнителната тежина и отпорот на воздухот на кровната кутија, велосипедите или куфери прицврстени на кровен носач за багаж ја влошуваат ситуацијата. Колку е поголема брзината и колку е поаеродинамично возилото, толку е поголем ефектот.

Друга студија која се однесува на кровните носачи за велосипеди исто така покажала интересни резултати. Со нив (без велосипеди) автомобилот троши околу 10 проценти повеќе гориво на 100 km отколку без нив. Со натоварени велосипеди, потрошувачката е поголема за дури 25 проценти.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more