Vrabotuvanje.com - Дали исчистените радијатори ќе ни ги намалат сметките за струја!?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали исчистените радијатори ќе ни ги намалат сметките за струја!?

Наскоро започнува грејната сезона и вистинско време е да ги подготвите вашите радијатори за претстојната работа. Радијаторите можат да бидат жаришта за нечистотија и прашина, која се собира помеѓу решетките и просторот помеѓу ѕидовите.

Дали исчистените радијатори ќе ни ги намалат сметките за струја!?

Примарно и важно да се исчисти внатрешноста на радијаторот, што е обврска на градските електрани. Невообичаените честички, освен што ги иритираат алергичните, можат да ја намалат и ефикасноста на радијаторите. Според експертите, почестото чистење на радијаторите може да доведе до големи заштеди на вашата сметка за парно.

Експертот за водовод објаснува дека прашината помеѓу перките на конвекторскиот радијатор може да го спречи излегувањето на топлината, што значи дека радијаторите ќе мора да работат понапорно и подолго за да ги загреат просториите во вашиот дом.

За чистење на радијаторот не е препорачливо да користите крпи, бидејќи тие само расфрлаат честички од прашина, туку наместо тоа, експертите препорачуваат користење правосмукалка.

За радијаторските панели кои се премногу тесни за да може да помине додатокот за чистење, користете фен за коса, но со ладен воздух. Надворешноста на радијаторот треба да се измие со влажна крпа, а потоа со сува крпа.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more