Vrabotuvanje.com - Чарлс III вработил човек, чија единствена работа е наутро да го буди со гајда
Share
Tweet
Share
Send to friend

Чарлс III вработил човек, чија единствена работа е наутро да го буди со гајда

Чарлс III вработил човек, чија единствена работа е наутро да го буди со гајда

Станува збор за мајорот Пол Барнс, кој свирел на гајдата на погребот на кралицата Елизабета Втора, а претходно и на погребот на принцот Филип.

Мајорот Барнс изјавил по погребот на кралицата: „Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора беше мојот врховен командант, а нејзиниот сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, беше мојот кралски полковник.

Свирењето гајда на двата нивни погреби во замокот Виндзор е голема чест за еден војник. Како млад човек што живеев во близина на замокот Балморал, се сеќавам на нивното присуство уште од рана возраст, а Кралската гарда ме инспирираше да се приклучам на војската. Свирењето на погребот на нејзиното височество ме натера да размислувам за тие рани спомени и среќен сум што можев да им оддадам почит на двајцата на овој начин“.

Имено, ангажирањето личен музичар е нешто како традиција меѓу монарсите, а во тоа уживала и кралицата Елизабета Втора.

"Мајка му сакаше да има свој гајдаџија. Тоа е убава традиција", рекол извор близок до кралското семејство за британските медиуми.

Инаку, по смртта на кралицата Елизабета, беше објавено дека речиси 100 вработени во поранешната официјална резиденција на кралот Чарлс III. добиле известување дека можат да останат без работа. Личните секретари, канцеларијата за финансии, тимот за комуникации и персоналот во домаќинството ја примиле веста за време на мисата за кралицата во Св. Гилс во Единбург. На списокот се нашле и оние кои со децении работеле за кралот.

извор: kanal5.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more