Vrabotuvanje.com - Фалсификат евра од Шпанија пуштени во оптек и на Балканот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Фалсификат евра од Шпанија пуштени во оптек и на Балканот

Фалсификат евра од Шпанија пуштени во оптек и на Балканот

Разбиена е криминална група која фалсификувала евра при што постојат основи на сомнение дека мрежата се проширила и во Албанија и други земји на Балканот.

Оваа група за помалку од три месеци испечатила осум милиони лажни евра во апоени од по 500 евра.

Објавени се и фотографии од запленетите пари и машините пронајдени во работилница во регионот на Каталонија.

Шпанската полиција уапсила 12 лица, додека полицијата успеала да заплени 4,3 милиони евра, а остатокот е пуштен на пазарот. Парите циркулирале и на Балканот. 

извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more