Vrabotuvanje.com - Во тек е исплатата на еднократна помош за примателите на гарантирана минимална помош
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во тек е исплатата на еднократна помош за примателите на гарантирана минимална помош

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно направените измени на Законот за социјална заштита, во тек е исплатата на еднократна помош од денеска (13.10.2022 година).

Во тек е исплатата на еднократна помош за примателите на гарантирана минимална помош

Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата.

Оваа мерка е дел од последниот ребаланс на буџетот, каде е предвидена еднократна исплата од 3000 денари за домаќинствата кои се активни корисници на правото на ГМП за месеците март, април и мај. 

извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more