Vrabotuvanje.com - 6 најчести грешки при пишување на CV
Share
Tweet
Share
Send to friend

6 најчести грешки при пишување на CV

6 најчести грешки при пишување на CV

CV-то е вашата лична карта на пазарот на трудот. Впрочем, тоа е и првата задача која треба да ја подготвите за вашиот иден работодавач па затоа е потребно да ја сфатите сериозно. Ако вашето CV не “сјае“, вие сте тие кои им даваат изговор на регрутерите да не ве повикаат на интервјуто за работа.

Прочитајте кои се шесте најчести грешки кои кандидатите ги прават додека го составуваат своето CV и како да ги избегнете истите.

Недоволна спецификација

Кога работодавачот гледа во вашето CV, тој сака да знае што сте правеле на претходните работни места и како тоа е релевантно за позицијата на која аплицирате. Ако сте биле менаџер на некоја компанија, наведете ги успесите и резултатите кои сте ги постигнале. Детално опишете ги проектите во кои сте биле директно инволвирани и така додадете дополнителна вредност на вашето CV.

Откако ќе ги внесете сите релевантни информации, проверете дали е јасно 1) која била вашата позиција, 2) кои биле вашите одговорности, 3) кои биле вашите достигнувања и 4) како сте придонеле за компанијата во која сте работеле. Ако овие точки се јасни и разбирливи, тогаш вашето CV е добро за испраќање.

Погрешна фотографија, темплејт или фонт

Се поголем е бројот на работобаратели кои сакаат себеси да се издвојат во морето од апликации преку уникатен дизајн на својата кратка биографија. Меѓутоа погрешната фотографија, фонт или целокупен изглед на CV-то може да има негативен ефект.

Дизајнот може да биде предност, но немојте да претерате со бои или форми. Изберете фонт кој е лесно читлив, а фотографијата погрижете се да биде професионална.

Долги и елаборирани реченици

Ако користите реченици со предолго објаснување ризикувате да ги засените вашите реални достигнувања. Имајте предвид дека регрутерот е ограничен со време и секогаш преферира кратка и јасна содржина во CV. Користете цртички за да ги истакнете сите клучни работи за вас на јасен и структуиран начин.

Откако ќе ја внесете целата содржина, проверете дали е возможно да ја преработите истата во што е можно пократок и појасен формат.

Запомнете, CV-то е само показател на вашата професионална историја и ги покажува вашите достигнувања во професионалниот живот.

Неточни информации

Најфрустрирачка работа со која може да се соочи еден регрутер е да има одлично CV пред себе, а да не може да стапи во контакт со лицето кое се наоѓа на врвот на истото. Бидете сигурни дека вашата електронска пошта, телефонски број и адресата на живеење се точни во целост.

Обид за “една големина одговара за сите“ CV

Генерално, работодавачите не сакаат генерички “една големина одговара за сите“ CV-а. Повеќето регрутери бараат внимателно прилагодени CV-а во кои е објаснето зошто – преку достигнувања и успеси на претходните работни места – кандидатот е соодветен за отворената позиција.

Наш совет е секогаш кога го прилагодувате вашето CV, пред себе да го имате огласот од каде ќе ја гледате содржината во описот на работното место и секогаш да размислувате критички кога го правите тоа. Секој ваш збор треба да биде напишан со цел да го убедите регрутерот дека вие сте вистинскиот кандидат којшто треба да биде повикан на интервју.

Правописни и граматички грешки

Изненадувачки голем е бројот на CV-а кои ги добиваме со грешки во правописот и други основни граматички грешки. Овие грешки може многу лесно да се избегнат со малку напор. Ако поднесете CV во кое има печатни грешки, тоа ќе изгледа како да не сте се потрудиле доволно и како да немате навика да ја проверувате вашата работа.

Проверете го своето CV внимателно секој пат пред да го испратите. Тоа може да го направите рачно или преку некои од бесплатните апликации за проверка на спелувањето кои може да ги најдете на интернет.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more