Vrabotuvanje.com - Дали на Србија и се заканува суспензија на безвизниот режим!?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали на Србија и се заканува суспензија на безвизниот режим!?

Дали на Србија и се заканува суспензија на безвизниот режим!?

Србија го ризикува безвизниот режим со ЕУ доколку не го намали приливот на мигранти од трети земји кои патуваат без визи на нејзината територија, а потоа кон ЕУ, тврдат европски дипломатски извори пред состанокот на министрите за внатрешни работи во Луксембург, јави РТС.

Приливот на мигранти во 2022 година е повеќекратно зголемен во однос на минатата година, а како посебен проблем земјите-членки го истакнуваат безвизниот режим што Србија го има со некои земји од Азија, Африка и Јужна Америка, чии граѓани слободно патуваат во Србија и потоа во земјите на ЕУ.

Дипломатски извори наведуваат дека сличен проблем постои и со визната политика на Албанија.

Трендовите се загрижувачки. Ќе треба да го решиме проблемот со зајакнување на надворешните граници и дополнително вклучување на агенцијата Фронтекс. Ќе контактираме со сите партнери од Западен Балкан за да обезбедиме усогласување на визните политики, рече комесарката за внатрешни работи.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more