Vrabotuvanje.com - Две марки автомобили се крадат со шрафцигер и USB кабел
Share
Tweet
Share
Send to friend

Две марки автомобили се крадат со шрафцигер и USB кабел

Две марки автомобили се крадат со шрафцигер и USB кабел

На удар се одредени модели на Hyundai и Kia произведени од 2011 до 2022 година, кои поради цената не се опремени со имобилизатори, односно електронско блокирање на моторот. Според најновите податоци, овие автомобили се крадат двојно почесто од другите, па така од американскиот ИИХС (Институт за осигурување за автопатска безбедност) пишуваат дека интензитетот на кражба на возилата на Hyundai и Kia кои не се опремени со имобилизатори е зголемен на 2,18 украдени автомобили на 1.000 осигурени автомобили.

Иако кодираните клучеви постојат уште од 90-тите, клучевите без имобилизатори со години се нудат на некои поевтини модели. Кога станува збор за корејските автомобили, ова се однесува на пример на Kia Rio, Kia Sportage и Hyundai Accent на американскиот пазар. Во моделската 2015 година, други производители го инсталираа имобилизаторот на 96% од автомобилите, додека кај Hyundai и Kia тој процент е само 26%..

Сѐ започна пред речиси две години, кога започна да се шири предизвикот на TikTok, кој повикуваше на кражба на овие возила. Прв на удар беше Милвоки, па 66% од скоро 10.500 украдени возила беа Kia или Hyundai. Работата да биде уште полоша, овие марки најчесто ги крадеа тинејџери, а тоа беше само за забава. Наскоро приказната за Kia Boys крадците се прошири и во други земји.

Шокантно едноставно, не е ни чудо што многу сопственици на дотичните возила се загрижени. Hyundai понуди решение, безбедносен комплет за 170 долари, но со трошоците за инсталација вкупните трошоци се искачуваат на 500 долари. Од Kia допрва треба да се огласат.

извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more