Vrabotuvanje.com - Иднина без кеш - Две големи банки укинуваат готовина!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Иднина без кеш - Две големи банки укинуваат готовина!

„Volks bank” и „Raiffeisen bank” во Германија планираат да ги откажат трансакциите во готовина во сите свои филијали од 1 декември оваа година.

Иднина без кеш - Две големи банки укинуваат готовина!

„Плаќањата и повлекувањата во филијалата (шалтер и банкомат) повеќе нема да бидат можни во иднина“, се вели во писмото што клиентите го добиле од Рајфајзенбанк Хохтаунус.

Финансиската институција која припаѓа на „Volks bank” во основа целосно ги суспендира операциите со готовина за клиентите, пренесува „Fenix ​​Magazine”.

Како што велат од „Raiffeisen bank”, готовинските плаќања и самиот готовински промет со години постојано се намалуваат, што е видливо и на банкоматите.

„Неодамна имавме само двајца посетители на час“, објаснува извршниот директор на „Raiffeisen bank”.

Бидејќи специфичното однесување на клиентите значително се промени во последниве години, „Volks bank” и „Raiffeisen bank” сакаат да ги пренасочат плаќањата во дигиталниот сектор.

извор: bankarstvo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more