Vrabotuvanje.com - Директорите открија кои работници се идеални на работа
Share
Tweet
Share
Send to friend

Директорите открија кои работници се идеални на работа

Сите лидери доаѓаат од различни средини и водат различни компании. На основа на разговорите со нив, најуспешните работници кои се искачуваат на врвот се она што директорите го нарекуваат „трансформативни вработени“ и тие прават четири клучни работи кои им помагаат да ја трансформираат компанијата, но и себеси.

Директорите открија кои работници се идеални на работа

Преземаат задачи кои никој друг не ги сака

Роберт Санчез во 2013 година станал извршен директор на компанијата Ryder System, компанија што се занимава со транспорт и шпедиција, вредна повеќе милијарди долари. Санчез, кој во компанијата бил скоро 30 години, успехот го припишува на ентузијазмот за учество во различни проекти, дури и ако биле надвор од неговата работа. Со тоа, секогаш се разликувал од колегите.

„Секогаш преземав нови задачи. Станав познат како „решавач на проблеми“, се повеќе ми се отвораа прилики за напредок во кариерата“, вели тој.

Учат и применуваат увиди од други индустрии

Генералниот директор на Whole Foods, Џон Меки се согласува дека љубопитноста е вредна особина. Дури и ако тоа не се однесува директно на неговата индустрија, вели дека се обидува да учи од секоја ситуација или од секој човек што ќе го сретне.

Развиваат свои вештини на слушање

Скоро сите извршни директори со кои разговарал Роберт навеле дека вештината за соработка е една од најпосакуваната кај вработените. Но, успешна соработка е невозможна ако сите учесници кои се вклучени не знаат како активно да слушаат.

Наместо само да го претстават проблемот, тие доаѓаат и до негово решение

Секој извршен директор го искусил ова сценарио, вработените доаѓаат кај нив со проблем и го прашуваат како да го решат. Не бидете таков човек. Лидерите почитуваат решенија. Наместо само да ги презентирате проблемите, кажете:

„Го имам овој проблем, но размислував за тоа и еве што мислам дека може да направиме за да го решиме“.

Кога ќе преземете нови задачи, учете од другите индустрии и вежбајте активно слушање, ќе бидете подобри и побрзи во решавањето проблеми. Како резултат на тоа, ќе станете трансформативни работници.

извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more