Vrabotuvanje.com - Маск официјално стана сопственик на Твитер, веднаш отпушти неколку менаџери
Share
Tweet
Share
Send to friend

Маск официјално стана сопственик на Твитер, веднаш отпушти неколку менаџери

Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите.

Маск официјално стана сопственик на Твитер, веднаш отпушти неколку менаџери

Откако ја презеде компанијата, Маск отпушти неколку менаџери во компанијата и најави дополнителни отпуштања, пренесува Ројтерс.

Меѓу отпуштените се извршниот директор на Твитер Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика Виџај Гаде.

Маск претходно го обвини претходното раководство дека ги довело во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни сметки на платформата.

Откако го презеде Твитер, Маск објави дека сака да ги „победи“ спам-ботовите и јавно да ги стави на располагање алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и поделби.

Маск се уште нема дадено детали како ќе го постигне сето ова и кој ќе ја води компанијата.

Твитер ја прифати понудата на Маск од 44 милијарди долари во април, но во меѓувреме имаше несогласувања и меѓусебни обвинувања меѓу компанијата и Маск.

Извор: nezavisen.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more