Vrabotuvanje.com - Обид за измама на македонски корисници на Facebook: За правосмукалка платете само 120 денари!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Обид за измама на македонски корисници на Facebook: За правосмукалка платете само 120 денари!

Фан страна на Facebook се користи за измама на македонски граѓани. „Зделка шопинг“ спонзорира објава според која, за само 120 денари добивате скапа правосмукалка.

Обид за измама на македонски корисници на Facebook: За правосмукалка платете само 120 денари!

За да бидат поубедливи во коментарите под објавата преку лажни профили се пишува за „успешни приказни“ односно за луѓе кои веќе ја добиле оваа правосмукалка.

Страната „Зделка шопинг“ е креирана пред само 4 дена, односно на 24 октомври. Коментарите кои доаѓаат од „задоволните корисници“ се од профили кои практично и немаат никаква активност, што индицира дека станува збор за лажни профили.

Кога ќе го кликнете линкот ќе бидете редиректирани на страна што има лого од Амазон но кога ќе ја видите веб адресата ќе ви стане јасно дека станува збор за лажна страна.

Таму добивате анкета со 3 прашања и кога ќе ги одговорите избирате меѓу неколку кутии и во вториот обид добивате награда правосмукалка. За да ја добиете ќе треба да оставите податоци и да уплатите 123 денари од вашата картичка. Кога ова ќе го направите, сметајте дека ви украле 2 евра.

извор: press24.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more