Vrabotuvanje.com - Дали догодина ќе поскапат и туристичките аранжмани?!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали догодина ќе поскапат и туристичките аранжмани?!

Хотелиерите на охридско-струшката ривиера веќе преговараат со странските тур-оператори за поскапи аранжмани за следното лето. Велат дека актуелната ситуација со високите сметки за струја и драстичниот пораст на цените на прехранбените производи го прават нивното работење со постоечките цени нерентабилно.

Дали догодина ќе поскапат и туристичките аранжмани?!

Летово странските гости плаќале по претходно договорените цени и покрај сите поскапувања кои се случија во текот на годинава. Но, сега дека поскапите аранжмани ќе бидат реалност се согласуваат и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

„Цените ќе треба да се ревидираат, затоа што во нив ќе треба да бидат вкалкулирани и висината на одредени други енергенси… Ако имаме зголемување на цените до 20 и 30%, па и повеќе проценти, очекувам аранжманите да бидат нивелирани или да бидат зголемени за одреден процент“, рече директорот на агенцијата за туризам.

Туристичките работници се надеваат наредната година ситуацијата евентуално полека да се стабилизира, а со тоа да дојде и до постепено стабилизирање на цените на сите производи.

извор: alsat.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more