Vrabotuvanje.com - DS SMITH поддржувач на Меѓународниот симпозиум за земјоделство и храна - ИСАФ 2022
Share
Tweet
Share
Send to friend

DS SMITH поддржувач на Меѓународниот симпозиум за земјоделство и храна - ИСАФ 2022

DS Smith, како компанија која работи за подобра иднина и поставува стандарди за општествена одговорност во Македонија е секогаш отворена за поддршка на настани и иницијативи како што е Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022

DS SMITH поддржувач на Меѓународниот симпозиум за земјоделство и храна - ИСАФ 2022

Во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, а со поддршка од компанијата DS Smith, во период од 12-14 октомври во Охрид се одржа 4. Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна - ИСАФ 2022.

Овој симпозиум претставува продолжување на традицијата на средбата факултет - стопанство, што оваа година се одржа по четиринаесетти пат, a компанијата DS Smith беше поддржувач на овој настан, преку изработка на сите потребни материјали од картон.

„Организацијата на еден ваков симпозиум е од голема важност, посебно поради тоа што се одржува во момент кога светска топ тема е производството на храна. DS Smith, како компанија која работи за подобра иднина и поставува стандарди за општествена одговорност во Македонија е секогаш отворена за поддршка на настани и иницијативи како што е Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022.“ – велат од DS Smith.

Заинтересирани сте за работа во DS Smith?

Во моментов DS Smith има потреба од Специјалист за продажба и Маркетинг специјалист - АПЛИЦИРАЈТЕ!

ДС СМИТХ

Следи ја компанијата 

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more