Vrabotuvanje.com - Германија планира да воведе заштита за станарите од иселување
Share
Tweet
Share
Send to friend

Германија планира да воведе заштита за станарите од иселување

Станарите кои не можат да ги платат драстично покачените цени за енергија треба да добијат најмалку половина година заштита од иселување, како и бескаматна поддршка за домаќинството да остане финансиски ликвидно. Таков предлог сега е на разгледување пред Комисијата за гас и греење.

Германија планира да воведе заштита за станарите од иселување

Германската влада сега бара начини како да ги заштити граѓаните од подивените цени на енергијата. Ја задолжи Стручната комисија за гас и греење да направи предлог со цел да ги заштити станарите од иселување дури и ако не можат да ги платат сметките.

„Погодените домаќинства треба да добијат помош од фондот за помош за да се избегне исклучување“ велат од Комисијата. Поддршката мора да трае додека наемопримачот не ја покрие разликата предизвикана со покачувањето на цената на енергијата.

Бескаматни финансиски инјекции за одржување на ликвидноста на семејствата со ниски и средни примања треба да бидат достапни од 1 јануари до 30 април 2024 година.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more