Vrabotuvanje.com - Угостителите најавуваат затворање на рестораните и кафулињата!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Угостителите најавуваат затворање на рестораните и кафулињата!

Голем број од охридските угостители ќе ги згаснат своите бизниси до крајот на оваа година, во неможност да се справат со енергетската и економска криза. Драстичниот пораст на трошоците велат го прави нивното работење се по нерентабилно.

Угостителите најавуваат затворање на рестораните и кафулињата!

Некои само ќе го редуцираат својот бизнис, а некои и потполно ќе затворат. Тоа зависи од обемот на работа и од други параметри.Но на големо се разговара за замирање на секторот. Ценaта на енергенсите е значително покачена и тоа мошне влијае на работењето. Се бараат решенија за алтернативи или најнепопуларната мерка затворање на објектот се до момент на рентабилност.

Слично е и во другите градови

Некои од рестораните и кафетериите ќе затворат за прв пат после десетина години работа, а со тоа добар дел од вработените ќе останат на улица. Во меѓувреме некои од објектите работа само преку ден.

„Намалената посетеност е разбирлива, бидејќи кризата удира по сечиј џеб и секој сака да помине со што помалку. Меѓутоа е видлива посетеноста и квалитетно послугата е намалена. Се работи само за дневни кафиња“, велат угостителите.

Слична е ситуацијата и во Струга. Угостителите се соочуваат со намален промет затоа што уличните светилки се гаснат навечер па ретко кој излегува во вечерните часови во темен и неосветлен град.

извор: alsat.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more