Vrabotuvanje.com - Дали знаете зошто бракот е добар за здравјето?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали знаете зошто бракот е добар за здравјето?

Неколку студии досега сугерираат дека бракот е добар за здравјето на луѓето.

Дали знаете зошто бракот е добар за здравјето?

Дури и Светската здравствена организација во 2010 година откри дека луѓето кои се во брак имаат помал ризик од депресија и анксиозност во споредба со луѓето кои се слободни.

Минатата година студија од Медицинската школа во Бирмингем откри дека женетите поретко страдаат од дијабетес тип 2, висок крвен притисок и висок холестерол.

Уште не е јасно како бракот помага луѓето да бидат поздрави, но експертите сметаат дека тоа е така затоа што партнерите внимаваат едни на други.

Американски експерти сугерираат дека луѓето кои не се во врска почесто се чувствуваат осамено или изолирано за разлика од оние кои се во брак. Мажите кои се слободни се склони на прекумерно консумирање алкохол, нездрава исхрана и се впуштаат во ризични однесувања.

Луѓето кои се во брак имаат подолги шанси за живот дури и кога се болни. Јапонско истражување покажа дека луѓето кои имаат болести како канцер, висок крвен притисок и дијабетес веројатно ќе живеат подолго ако се во брак.

Сепак, истражувачите акцентираат дека нивниот заклучок не се сведува на самиот брачен статус, туку на соживотот со некого. Претходните истражувања покажаа дека луѓето се поздрави кога живеат со некого во споредба со оние кои живеат сами.

Дополнителна анализа покажа дека мажите имаат поголем бенефит од тоа, а жените помал бенефит од бракот. Како причина за тоа се смета последицата од нееднаквата поделба на домашните обврски. Жените се соочуваат со поголеми обврски и грижа околу децата, а тоа може да ги намали здравствените придобивки од бракот. Тоа исто така може да биде причина зошто немажените жени кои работат имаат повеќе пари и подобро здравје.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more