Vrabotuvanje.com - Нека вашата иднина биде баш онаква каква што сакате: Вака никогаш нема да останете без пари - трикот е во паметното штедење!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Нека вашата иднина биде баш онаква каква што сакате: Вака никогаш нема да останете без пари - трикот е во паметното штедење!

Од секогаш слушаме колку е важно да штедиме, но многу луѓе имаат недоумица околу тоа како да заштедат и кој е најдобриот начин за чување на пари.

Нека вашата иднина биде баш онаква каква што сакате: Вака никогаш нема да останете без пари - трикот е во паметното штедење!

Советите на стручњаците се да не купувате импулсивно, однапред да пресметате и да чувате секогаш на страна барем мала сума пари. Така со текот на времето ќе развиете навика за штедење.

Штедењето нуди бројни придобивки: можеме да постигнеме сè што сакаме или планираме за иднината, безбедни сме кога ќе се најдеме во непредвидени и ненадејни ситуации кои подразбираат дополнителни трошоци, а дополнително, одвојувањето пари на страна може да ни обезбеди заработка.

Заборавете на криењето пари сами од себе, под душекот, во фиоки или на различни места кои ги сметате за безбедни. Експертите препорачуваат да ги чувате парите во банка не само затоа што таму се најбезбедни, туку и затоа што ви даваат можност да заработите благодарение на каматата.

При изборот на банка, постојат различни критериуми според кои луѓето се водат. Некои ја избираат онаа што има исклучително распространета мрежа на филијали и банкомати, други се грижат само за каматата, додека искусните избираат сигурна и стабилна банка. Експертите велат дека најважно е да се соберат сите информации за услугите што се нудат на пазарот, по што се прави скратен список.

Connect with us

Receive our media releases

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more