Vrabotuvanje.com - Кој има право да аплицира за поефтина струја?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кој има право да аплицира за поефтина струја?

До утре (10 ноември) сите заинтересирани компании од прехранбениот сектор, водоснабдителните претпријатија и училиштата треба да ги поднесат документите за потпишување на договорите за снабдување со струја од ЕСМ според последната мерка на владата за субвенцинирана струја.

Кој има право да аплицира за поефтина струја?

Физичките и правните лица од прехранбениот сектор ќе добиваат струја по цена од 80 евра за мегаватчас, додека водостопанските претпријатија и училиштата по цена од 95 евра за мегаватчас. Оваа струја е наменета само за производствените погони, пумпните за довод на вода и пречистителните станици и училиштата. Другите делови од компаниите и претпријатијата ќе плаќаат струја по пазарна цена.

Oвие потрошувачи на субвенционирана струја ќе ја користат повластената цена до 30 април следната година, а договорите ќе ги потпишуваат секој месец со важност од први во месецот до први во следниот месец.

извор: fokus.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more