Vrabotuvanje.com - За новогодишна вечера во ресторанот на Гордон Рамзи ви тебаат 460 евра, ова е менито
Share
Tweet
Share
Send to friend

За новогодишна вечера во ресторанот на Гордон Рамзи ви тебаат 460 евра, ова е менито

Британскиот професионален готвач, Гордон Ремзи, го објавил својот ценовник за новогодишната ноќ, а веднаш било јасно дека оние кои ќе сакаат да се почестат со неговите специјалитети ќе мора да издвојат вистинско мало богатство.

За новогодишна вечера во ресторанот на Гордон Рамзи ви тебаат 460 евра, ова е менито

Некои од луѓето веќе почнаа да ги планираат новогодишните празници, па затоа веќе се и достапни бројни понуди во рестораните и други места за испраќање на 2022 година.

Свое мени објавил и британскиот готвач Гордон Ремзи којшто повторно изненадил со вртоглавата сума на пари која луѓето треба да ја издвојат доколку сакаат да се послужат со неговиот луксуз.

Во еден од неговите ресторани во Лондон којшто воедно има и три Мишелинови ѕвезди, новогодишната ноќ чини вртоглави 400 фунти по лице.

Во вечерата не се вклучени пијалаци поради што доколку одлучите на својот оброк да му додадете вино, тоа ќе ве чини дополнителни 275 фунти.

Значи, кога сето тоа ќе се собере, цената на новогодишниот оброк во ресторан на славниот Британец изнесува 675 фунти по лице.

Судејќи по менито во ресторанот, на посетителите Ремзи меѓу другото ќе ги послужи и со специјалитетот наречен „Duck tea“, но и јастог, печено печиво со телешко месо.

Интересно е тоа што Ремзи минатата година во својот отмен ресторан наплаќал 320 фунти по лице без пијалак поради што веќе добил критики за превисоките цени. Сепак тоа не го спречило и оваа година дополнително цените да ги зголеми.

Извор: supermen.tocka.com.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more