Vrabotuvanje.com - Фиџи мора да пресели над 40 гратчиња поради покаченото ниво на морето
Share
Tweet
Share
Send to friend

Фиџи мора да пресели над 40 гратчиња поради покаченото ниво на морето

Фиџи мора да пресели над 40 гратчиња поради покаченото ниво на морето

Фиџи мора да ги пресели своите гратчиња ако сака да ги спаси од покаченото ниво на морето. Климатските промени се закануваат да поплават многу од крајбрежните заедници на Фиџи. Покаченото ниво на водата и се почестите бури веќе го прават своето и Фиџи уште во 2012 година го пресели своето прво гратче на повисоко место,

Во текот на наредните 5-10 години ќе бидат преселени уште 42 градови. Секоја преселба е тешка и комплицирана затоа што не само домовите мора да се преместат на ридови, туку мора да се преселат и училиштата, болниците и основната инфраструктура.

Климатските промени се најголемата закана по опстанокот на овие заедници. Според една изјава која ја потпишаа 15 земји на самит во Фиџи оваа година, многу градови и држави веќе преземаат чекори за да се заштитат себеси.

Малршаловите Острови сега се само 2 метри над нивото на морето. Државата сега размислува да го покачи нивото на островите со користење на материјал од дното на морето, но тој пристап може да го уништи локалниот екосистем и би бил доста скап.

На самитот во Фиџи нациите апелираа до најголемите загадувачи да им помогнат со трошоците за заштита од покаченото ниво на морето.

Извор: inovativnost.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more