Vrabotuvanje.com - Тој е еден од најбогатите луѓе на планетата, може да купи сè, освен една работа!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Тој е еден од најбогатите луѓе на планетата, може да купи сè, освен една работа!

Ел Валид бин Талал е 67-годишен саудиски принц и еден од најбогатите луѓе на планетата. Неговото богатство се проценува на 18,7 милијарди долари. По Илон Маск тој е најголемиот акционер на Твитер.

Тој е еден од најбогатите луѓе на планетата, може да купи сè, освен една работа!

Талал е роден во саудиско кралско семејство на 7. Март 1955 г. Неговиот дедо по мајка бил првиот премиер на Либан, додека пак неговит дедо од таткова страна ја Саудиска Арабија. Се школувал на Менло колеџот во Калифорнија. Наследил големо семејно богатство и има бројни инвестиции – од луксузни хотели ширум светот до инвестиции во мали компании кои би му донеле големо богатство.

Зад себе има три пропаднати брак, но постојат теории дека последната сопруга Амира никогаш не ја преболел. Амира е помлада од него 27 г. Ја запознал кога имала само 18 г., додека го интервјуирала за школскиот весник, а 9 месеци подоцна се венчале. Тоа е единствената жена која јавно ја експонирал, но се развел од неа во 2013 г. под притисок на јавноста затоа што убавата принцеза не сакала да живее по наметнати, строги правила. Набргу по разводот таа се премажила, но и ден-денес тие се во одлични односи.

Ел Валид не крие дека е „брутално“ богат. Тој поседува возен парк со луксузни лимузини, приватен авион и неколку јахти, а омилена му е онаа што ја купил од Доналд Трамп. Имено, јахтата „Кралство“ е долга 85,9 метри, била изградена за еден саудиски трговец со оружје, а во 1983 година се појавила во филмот за Џејмс Бонд, „Никогаш не кажувај никогаш“. Му била продадена на Доналд Трамп, кој ја преименува во „Принцезата на Трамп“, а Ел Валид ја купил по финансиските проблеми на американскиот милионер. Јахтата располага со диско, кино, хелиодром, базен, соби за гости и бројни други содржини.

Саудискиот принц има необични животни навики. Спие 5 часа дневно, од 4 ч. до 9 ч. наутро, јаде само еднаш во текот на денот и тоа во 20 ч., а според извор близок до палатата тој како средновековните монарси ангажира луѓе со џуџест раст да го забавуваат.

Колку тоа да им звучи чудно и бизарно на обичните луѓе, ваквиот чин во Саудиска Арабија се смета за добродетелство бидејќи луѓето со посебни потреби единствено така би можеле да заработат за живот.

извор: kanal5.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more