Vrabotuvanje.com - На денешен ден пред 14 години и кажавме збогум на „Застава 101“
Share
Tweet
Share
Send to friend

На денешен ден пред 14 години и кажавме збогум на „Застава 101“

На денешен ден пред 14 години и кажавме збогум на „Застава 101“

„Застава 101“, легендарниот „Кец/Стоеден“, се произведувала цели 37 години, а во тој период се изработени 1.045.458 примероци, од кои 224.851 возило биле извезени во земјите ширум светот.

Последниот 101 излегол од производната лента на 22 ноември 2008-ма година, потсетува форумот „Застава 101“.

Колку и денеска да делува неверојатно, „Застава 101“ е најуспешниот модел на југословенската авто-индустрија. Произведен е во далеку поголем број примероци во однос на „Фичо“ и „Југо“, а своето место во историјата на автомобилите го зазема и како зачетник на класата „Golf“.

„Стокецот“ може да се пофали дека е првиот модел кој комбинира погон на предните тркала, попречен мотор, независна суспензија на двете оски. Исто така има и петта врата, багажникот.

Бил практично првиот модерен „хечбек“ на светот, појавувајќи се на пазарот три години пред „Golf“.

Дека „Стокецот“ е дериват на „Fiat 128“, тоа веќе го знаат сите. Во време кога во Крагуевац започна производството (15-ти октомври 1971), италијанскиот оригинал веќе две години бил на пазарот, а прогласен е за автомобил на годината во 1970-та година и окарактеризиран како возило кое е пред свое време – со одлични сопирачки и извонредно управување.

Уште нешто „Fiat 128“ направил многу напредно за своето време – моторот. Тоа бил прв автомобил со новиот „SOHC“ мотор на „Fiat“.

Го конструирал Аурелио Лампреди, а главните карактеристика на моторот била дека брегастата осовина во алуминиумската глава се движи со забест ремен.

Ваквиот концепт децении подоцна, на почетокот на 80-тите години бил прифатен од повеќето произведувачи на автомобили, но кон крајот на 60-тите тоа било многу невообичаено. Всушност, велат дека концепцијата е преземена од тогашниот мотор на „Ferrari“, кој исто така го конструирал легендарниот Лампеди.

Првите примероци се прикажани на саемот за автомобили во Белград на 15-ти март 1971-ва година, а сериското производство во Крагуевац почнало точно седум месеци подоцна.

Во текот на 37-те години производство, уследиле многу естетски и технички измени, но и различни верзии.

„Застава“ го извезувала „Кецот“ во голем број земји во Западна Европа, како што се Франција, Германија, Луксембург, Швајцарија, Белгија, Холандија и Велика Британија.

Балканот и Централна Европа исто така биле покриени, а освен тоа се продавал и во Грција, Бугарија, Романија, Унгарија и Чехословачка, а се произведувал и во Полска.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more