Vrabotuvanje.com - Во мало италијанско место живеат најмногу стогодишници, ја откриваат тајната на долговечноста
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во мало италијанско место живеат најмногу стогодишници, ја откриваат тајната на долговечноста

Сардинија е позната по тоа што е дом на најстарите луѓе во светот. Таа е идентификувана како една од петте таканаречени сини зони, места со најголема концентрација на стогодишници.

Во мало италијанско место живеат најмногу стогодишници, ја откриваат тајната на долговечноста

Меѓутоа, овој дел од светот крие и супер сина зона, поточно селото Пердасдефогу. Во овој мал град има девет стогодишници од 1.780 жители, што е признато како рекорд во Гинисовата книга. Која е тајната на жителите на ова место?

Научниците кои го проучуваат феноменот Пердасдефогу открија неколку причини за долговечноста на неговите жители. Тоа се чист воздух, активен животен стил и исхрана богата со свеж зеленчук.

На пример, Пиуча Лаи, која го прослави својот стоти роденден на 21 февруари, вели дека никогаш не станува целосно полна од масата. Јаде малку месо и многу малку пие кафе.

-Верувам дека начинот на кој пристапуваат кон стресот игра голема улога во нивната долговечност. Родени се пред 100 години и сигурно немале лесен живот. Имало и глад и војна. Но, овие луѓе успеале да се прилагодат – ако има е проблем, тие брзо го решаваат, вели Луиза Саларис, професор по демографија на Универзитетот во Каљари.

Адолфо Мелис, 99 години, објаснил дека сè што јадело неговото семејство било од градината.

-Важно е што ставате во стомакот, истакнува тој, убеден дека исхраната е главната тајна за долг и здрав живот.

Во локалната исхрана има многу месо и свежа риба, бидејќи морето е на час возење, но трикот е да се „јаде малку, но да се јаде добра храна“, забележува Адолфо, додавајќи дека исто така е важно да се физички активни.

-Нашите еколошки услови играат клучна улога. Живееме во место каде што воздухот е чист. Нашите стогодишници постојано се движат во здрава животна средина. Тие собираат огревно дрво или работат во нивните градини. Друг важен фактор е тоа што Пердасдефогу го зачувува чувството за заедница. Постарите сè уште живеат во куќи, а не во домови за стари лица. Друштвеноста е исклучително важна затоа што ако имате добри социјални контакти, паметите и разговарате, живеете добро, смета 100-годишниот Виторио Лаи.

Извор: kurir.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more