Vrabotuvanje.com - Војна на социјалните мрежи поради една сарма - Нема традиција, нема заедница, сé е ИНСТАНТ ЖИВОТ!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Војна на социјалните мрежи поради една сарма - Нема традиција, нема заедница, сé е ИНСТАНТ ЖИВОТ!

Објава на еден корисник на тема кисела зелка го привлече вниманието на твитерџиите и предизвика жестока дебата.

Војна на социјалните мрежи поради една сарма - Нема традиција, нема заедница, сé е ИНСТАНТ ЖИВОТ!

Каков човек треба да си за да киселиш зелка во стан во 21 век?- беше прашањето кое налути многумина кои практикуваат да ја подготвуваат омилената зимска салата и неопходна состојка во најомиленото  јадење и покрај тоа што живеат во стан.

Додека едни тврдеа дека тоа е сосема нормално и дека тоа треба да го прави секоја домаќинка, други се спротивставија на таа одлука со тоа што  мора да се почитува куќниот ред и дека вистинското решение е да се купува кисела зелка. Во текот на дискусијата беа изнесени одредени навреди меѓу корисниците, а најголемо внимание предизвика следниот коментар:

- А каде може да ја подготвува зелката  ако сака и живее во стан и нема подрум? Дали треба да биде господин/ѓа и да купува  готова туршија на пазар или воопшто да не ја јаде?

И додека едните се наврдуваа, мнозинството дојде до заклучок дека секој има право на избор и, соодветно, право да прават што сакаат во своите станови.

- Додека имаше кисела зелка, кисели краставички и ајвар, имаше и семеен дом. Сега сите се плашат од мирисот од комшиската куќа, па модерно е веќе да не се готви, ниту да се јаде заедно на иста маса. Нема традиција, нема заедница, нема семејство. Инстант живот!

Оваа објава предизвика и грст коментари, кои покажуваат дека неколку корисници не гледаат ништо спорно во „новите трендови“.

- „Па, животот е убав. Луѓето треба да живеат како што сакаат. Семејствата наоѓаат начин да бидат заедно, тоа не мора да биде оброк. Природно е дека светот се менува“

- “Не се облекуваме исто, не живееме во заедница, па дури и храната е нова, што е чудно?“

- „Семејството е љубов, почит и убави заеднички моменти, а не кисели краставички и кисела зелка – објаснија некои.

Други признаваат дека и самите забележале колку некои работи се промениле и со гордост истакнуваат дека сé уште се трудат да ги задржат вистинските вредности.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more