Vrabotuvanje.com - Не можела да го подготви јадењето како што пишува во декларацијата, па ја тужи компанијата за пет милиони долари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Не можела да го подготви јадењето како што пишува во декларацијата, па ја тужи компанијата за пет милиони долари

На декларацијата на приготвеното јадење макарони и сирење на компанијата „Kraft Heinz“ пишува дека се потребни само три и пол минути за подготовка. Сепак, една жена од Флорида вели дека тоа не е точно и ја тужи компанијата за 5 милиони долари.

Не можела да го подготви јадењето како што пишува во декларацијата, па ја тужи компанијата за пет милиони долари

Аманда Рамирез поднела тужба против прехранбената компанија Kraft Heinz поради нивниот производ Velveeta Shells & Cheese, тврдејќи дека јадењето трае подолго од наведеното на етикетата.

Упатството вели да го чувате во микробранова печка три и пол минути. Но, адвокатите на Рамирез наведуваат дека во тоа време, другите чекори потребни за подготовка на тестенините не биле вклучени: отстранување на капакот и тавата, додавање вода, мешање ...

Поради тие дополнителни чекори, невозможно е да се направи јадење за само три и пол минути.

Компанијата „Kraft Heinz“  ја отфрли тужбата како „несериозна“.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more