Vrabotuvanje.com - Во Индија се постави банкомат за купување злато
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во Индија се постави банкомат за купување злато

Досега од банкоматот се вадеа само пари, отсега жителите на индискиот град Хајдерабад (држава Теленга) на банкомат ќе можат да купуваат златници со пари од кредитни или дебитни пластични картички.

Во Индија се постави банкомат за купување злато

Ова е прва ваква машина за реално време не само во Индија туку и во светот.

Уредот е произведен од приватна индиска компанија Goldsikka Pvt Ltd, која има развиено иновативна технологија за продажба на злато преку овој уред.

Банкоматот содржи пет килограми 24-каратни златници и нуди можност за купување во осум опции – од 0,5 грама до 100 грама.

Важна карактеристика на банкоматот е што цената на златото на неговиот екран се ажурира во реално време во согласност со ценовните промени на овој благороден метал на Лондонската берза.

Банкоматот има сигурен систем за заштита од хакерство. Опремен е со вградена видео камера, звучен аларм и има линија за комуникација со полицијата.

Според претставниците на Голдсика, уредот на сите им дава погодна можност да инвестираат во злато, избегнувајќи финансиски загуби, без потреба од посета на банки или продавници за накит.

На првиот ден од работењето, иновативниот банкомат го користеа 20 корисници.

Официјалното пуштање во употреба на првиот Златен банкомат беше на 5-ти декември, а планот е да се инсталираат 3.000 „Златни банкомати“ во Индија и да се пренесе овој производ на светскиот пазар.

Извор: kumanovskimuabeti.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more